• четврток, 26 декември 2024

Зеленски го разреши секретарот на СБ на Украина, Данилов, на негово место го назначи Литвиненко

Зеленски го разреши секретарот на СБ на Украина, Данилов, на негово место го назначи Литвиненко

Киев, 26 март 2024 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска потпиша указ за разрешување на Олексеј Данилов од функцијата секретар на Советот за национална безбедност и одбрана (НСДЦ) на Украина, објавија светските агенции, повикувајќи се на официјално соопштение објавено на веб-страницата на шефот на државата.

Зеленски со друг указ на местото на Данилов го назначи поранешниот шеф на службата за надворешно разузнавање на земјата, Олександар Литвиненко. Службата за надворешното разузнавање ќе ја раководи Олег Ивашченко.

Не е наведена причина за промените на високите раководни функции. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан