• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски во САД бара поддршка за обнова на украинската енергетска инфраструктура

Зеленски во САД бара поддршка за обнова на украинската енергетска инфраструктура

Њујорк, 24 септември 2024 (МИА) – За време на својата посета на САД, украинскиот претседател Володимир Зеленски од претставниците на бизнис заедницата побара инвестиции во загрозениот енергетски сектор на неговата земја, јави ДПА.

„Примарен фокус беше ставен на подготовката на енергетскиот систем на Украина за престојната зима“, утринава изјави Зеленски на X .

Како резултат на воените штети предизвикани од Русија, земјата се плаши дека оваа зима ќе има прекини во напојувањето со електрична енергија, додава германската агенција.

Зеленски предложи посебни стимулации. „Ова е предлог од нас. Тоа е една од точките на нашиот план за победа “, вели тој во своето видео обраќање.

На состанокот во Њујорк присуствуваа претставници од енергетските, финансиите и осигурителните компании, како и шефицата на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), Саманта Пауер.

Русија со своите масивни воздушни и ракетни напади оштети огромен дел од украинскиот енергетски систем, потсетува ДПА. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан