• вторник, 24 декември 2024

Зеленски: Вооружените сили на Украина го одбија рускиот напад врз Часов Јар

Зеленски: Вооружените сили на Украина го одбија рускиот напад врз Часов Јар

Киев, 18 мај 2024 (МИА) - Вооружените сили на Украина го одбија рускиот напад врз градот Часов Јар и уништија повеќе од 20 единици со оклопни возила на непријателот, рече претседателот на Украина, Володимир Зеленски во вечерното видео обраќање.

„Не забораваме и на другите правци на битките, освен на Харков: Краматорск, Покровски, Кураково, јужните правци - каде и да е тешко нашите сили му пружаат достоен отпор на окупаторот. Особено им благодарам на момците кои го одбија рускиот напад на Часов Јар. Нашите војници уништија повеќе од 20 оклопни возила на окупаторот“, истакна Зеленски.

Тој потсети дека денеска се одбележуваат 80 години од депортацијата на кримскотатарскиот народ. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан