• вторник, 26 ноември 2024

Зелени сертификати за три бизниси од Вевчани и туристички оператор од Охрид

Зелени сертификати за три бизниси од Вевчани и туристички оператор од Охрид

Вевчани, 24 октомври 2024 (МИА) - Три локални бизниси од Вевчани и еден туристички оператор од Охрид добија сертификати за својот значаен придонес во развојот и промоцијата на

одржливиот туризам во рамките на програмата Good Travel Seal и концептот за Зелена дестинација.

 

Сертифицираните бизниси, како што соопшти „Vevcani Green“, се промовирани преку платформата Good Travel Seal и на социјалните медиуми, стигнувајќи до одговорни туристи од

целиот свет кои бараат зелен одмор.

 

- Дополнително, тие се дел од т.н. зелени продукти, кои се понудени на платформата Outdooractive, што дополнително ја зголемува нивната видливост и социо-економскиот бенефит

на локално ниво, стои во информацијата.

 

И Општина Вевчани пред само една недела по втор пат се пласира во групата на 100 најуспешни дестинации во светот во конкуренција од над 200 апликанти, кои развиваат и практикуваат

одржлив туризам на повисоко ниво. Тоа значи дека општината покажала оти се грижи за природата, има соработка со локалната заедница, бизнисот, невладиниот сектор, ја зачувува

културата и традицијата, се грижи за здравјето и безбедсноста на населението, управува со отпадот, го промовира туризмот и воведува одржливи пракитики... сс/ев/

 

Фото: Vevcani Geeen

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан