• сабота, 23 ноември 2024

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените: Не молчи, не дозволувај да бидеш жртва

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените: Не молчи, не дозволувај да бидеш жртва
Скопје, 26 април 2021 (МИА) - Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ ги охрабрува жртвите да не молчат и да го пријават семејното насилство. Тие од 2002 година до денес имаат обезбедено бесплатна правна помош и психолошка поддршка на повеќе од 4.000 жени кои се соочиле со насилство во својот дом. Семејното насилство е реалност за голем број жени кои секојдневно се соочуваат со хорор во сопствените домови, наведуваат во денешното соопштение од Здружението ЕСЕ, потенцирајќи дека зад затворени врати трпат навреди, омаловажувања, вербални и физички напади, неодобрени сексуални односи, забрана за пристап до пари. - Жртвите на семејно насилство многу често не се свесни дека им е потребна правна помош за да излезат од магичниот круг во кој се заробени. Центарот за правна помош на Здружението ЕСЕ во 2020 година даде правна поддршка во вкупно 242 различни видови случаи поврзани со семејно насилство. Пред сè станува збор за предмети за развод на брак, издршка, старателство, имотни односи, социјална заштита и кривични постапки, изјави Стојан Мишев од Здружението ЕСЕ. За искуството со Здружението ЕСЕ сведочи млада жена, која била физички нападната од сопругот и неговиот татко, а претходно подолго време трпела вербално и економско насилство во својот дом. - Првично ме советуваа дека треба да се обратам во Центарот за социјална работа, дека треба да се погрижам за моето и за здравственото осигурување на моите две деца. Беа тука во секое време за мене за да ми дадат правна помош, психолошко советување и што и да е друго потребно. Беа достапни 24/7 за мене. Ми помогнаа во четири правни постапки. Благодарение на оваа поддршка се чувствував посигурна, чувствував дека не сум сама, се чувствувате згрижена, чувствувате дека сè е возможно. И покрај тоа што ви се случило дека има излез и има решение за сè, вели жртвата за своето искуство со помошта од Здружението ЕСЕ. цр/сп/

,

Остани поврзан