• среда, 25 декември 2024

Здравствената состојба на Макрон стабилна

Здравствената состојба на Макрон стабилна
Париз, 22 декември 2020 (МИА) - Здравствената состојба на претседателот на Франција, Емануел Макрон, и натаму е стабилна, откако минатата недела дозна дека е позитивен на Ковид-19, соопшти денеска француското претседателство. „Здравствената состојба на претседателот и натаму е стабилна“, изјави претставник од француското претседателство. Макрон (43) во четвртокот дозна дека е позитивен на коронавирусот и оттогаш е во самоизолација во претседателската вила, во близина на Версајската палата. паг/    

Остани поврзан