• среда, 18 декември 2024

Зградите на Владата и на МНР во боите на ЕУ

Зградите на Владата и на МНР во боите на ЕУ
Скопје, 19 јули 2022 (МИА) - Зградите на Владата и на Министерството за надворешни работи вечерва се обоени во боите на Европската унија во знак на денешниот официјален почеток на простапните преговори.
- Денес во Брисел запишавме ново поглавје во македонската историја и ветуваме дека забрзано ќе чекориме кон дополнителен развој и стабилност за сите наши граѓани. Европските вредности се наши вредности а пријателствата кои ги градиме создаваат нови културни мостови и можности за сите нас.
Обединети сме во различностите и подготвени за ЕУ дома и Северна Македонија во ЕУ. Во таа чест вечерва зградите на Владата и Министерството за надворешни работи се обоени во боите на нашиот иден дом - Европската Унија, пишува на офоцијалната фејсбук страна на Владата.
И министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук напиша дека зградата на Министерството за надворешни работи е во боите на Европската Унија  како симболика на денешниот официјален почеток на пристапните преговори. бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан