• понеделник, 23 декември 2024

Зголемување на бројот на самоубиства, напади и протести на осуденици во италијанските затвори

Зголемување на бројот на самоубиства, напади и протести на осуденици во италијанските затвори

Рим, 17 јуни 2024 (МИА) - Самоубиствата, нападите и протестите во италијанските затвори годинава се во пораст, покажуваат најновите официјални податоци за италијанските затвори.

Од почетокот на оваа година во италијанските затвори се регистрирани 43 самоубиства на затвореници, што е за 15 повеќе во однос на 2023 година, кога беа регистрирани 28 затворски самоубиства, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Се наведува дека се зголемуваат и обидите за самоубиство, нападите врз затворскиот персонал, колективните протести и демонстрации на затворениците, повредувања и судири.

Во Италија 61.468 затвореници издржуваат затворски казни, на 47.067 редовно достапни места во казнено-поправните установи во земјата. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан