Зголемувањето на пензиите за 1.000 денари од 1 март помина на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
- Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на натамошна постапка во Собранието. Со измените, по скратена постапка, се предлага зголемување на сите пензии за 1.000 денари од 1 март годинава.
Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на натамошна постапка во Собранието. Со измените, по скратена постапка, се предлага зголемување на сите пензии за 1.000 денари од 1 март годинава.
Пратеничката Ангелинка Петкова од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека тоа е четврто изменување на законот, а пензионерите да добија зголемување од 7.000 денари во неполни две години.
- Со овие законски измени се предвидува четвртото покачување на сите пензии од 1.000 денари за сите пензионери што го оствариле правото на пензија до 28 февруари 2026 година од 1 март да добијат дополнтелни 1.000 денари. Со овие законски измени Владата на Република Македонија ја оствари својата стратешка цел да го подобри стандардот на сите пензионери и овој бенефит од 7.000 денари вкупно покачување на пензиите досега го почуствуваа над 320.000 пензионери - рече Петкова.

Новото законско решение, според пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи од движењето Беса, има цел подобрување на стандардот за пензионерите.
- Со овие законски измени, како што ветивме, и ги реализиравме тие ветувања. Сега сме во последната фаза на реализирање на зголемување на пензиите за 7.000 денари. Претходните фази резултираа со зголемување двапати по 2.500 денари, сега имаме второ линеарно зголемување за 1.000 денари за сите категории пензионери. Факт кој има големо значење кај пензионерите и ќе има придобивки за намалување на сиромаштијата - рече Салиу-Фетаи. сс/са/
Фото: принтскрин