• вторник, 24 февруари 2026

Зголемен транспортот на стока со камиони во четвртиот квартал лани

Зголемен транспортот на стока со камиони во четвртиот квартал лани

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Количеството превезена стока во товарниот патен превоз во четвртото тримесечје од 2025 година е зголемено за 66,7 проценти во однос на истото тримесечје од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во четвртото тримесечје од 2025 година во патничкиот превоз бројот на превезените патници изнесува 925.000, во градско-приградскиот 9.130.000, во железничкиот 34.000, а во воздухопловниот превоз 889.153.

Според податоците на ДЗС, во четвртото тримесечје од 2025 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2024 година, количеството превезена стока во товарниот патен превоз e зголемено за 66,7 проценти, во железничкиот е намалено за 13,4 проценти, а во воздухопловниот е зголемено за 23,7 проценти. лв/паг/

фото: МИА архива 
 

 

Остани поврзан