• вторник, 24 декември 2024

Зголемен водостојот на река Брегалница во Делчево

Зголемен водостојот на река Брегалница во Делчево

Делчево, 12 март 2024 (МИА) - Во Делчево зголемен е водостојот на река Брегалница по по обилните врнежи кои синоќа го зафатија Пијанечко-Малешевскиот регион. Засега, како што информираат надлежните, водата е на третиот праг од речното корито и нема опасност од излевање на реката. 

Зголемен водостој на реките е забележан и во атарот на село Тработивиште и село Разловци каде изутрината паѓаа и врнежи од град.

Поради врнежите во текот на денешниот ден забележливи се поситни одрони на магистралата А3 која е дел од патот Делчево - Македонска Каменица - Кочани.

-Апелираме возачите да внимаваат на овој патен правец бидејки во вакви услови постои опасноста од одрони особено после селото Очипала, во правец кон Македонска Каменица, информираа од Македонија Пат, апелирајќи возачите да ја прилагодат брзината согласно условите на патот, почитувајќи ја сообраќајната сигнализација. 

Поради дождот утрово по коловозите во Пијанечко-Малешевскиот регион се возеше по влажни коловози. вс/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан