• среда, 27 ноември 2024

Зголемен бројот на повици и интервенции на Итната помош во Велес

Зголемен бројот на повици и интервенции на Итната помош во Велес

Велес,17 јули 2024 (МИА) - Деновиве со летните горештини и превисоките температири над 41 степен целзиусов лошо се одразуваат на здравјето на населението што  предизвика и зголем број на повиците од граѓаните,  како и прегледите во амбуланта и на терен од екипите на Итна медицинска помош. Од први до 15 јули, годинава, направени се вкупно 1.056 прегледи во амбуланта и на терен. За само 15 дена,  направени се 302 прегледи во амбуланта преку ден и 466 прегледи преку ноќ, додека на терен се направени 162 прегледи преку ден и 126 преку ноќ. Услуги на терен од страна на сестра направени се вкупно 184 од кои 174 преку ден и 10 прегледи преку ноќ, информира д-р Василка  Пановска Поп–Стефанова началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом  Велес.

Таа потенцира дека поради превисоките температири  многу  често граѓаните  колабираат,  а воедно  зголемен  е и бројот на повици од хронични пациенти,на кои здравјето им се влошува поради превисоките температури.

-Се јавуваат  и пациенти со покачен крвен притисок, како и пациенти кои имаат дијареа и повраќање, а има повици и од хроничните болни информира  д-р Пановска Поп-Стефанова.

Воедно таа  апелира до граѓаните да не излегуваат од своите домови во период од 10:00 до 17:00 часот кога се  највисоки температури, да конзумираат што повеќе течности, а  најмногу вода и сок од цеден лимон, како и  добро измиено овошје и зеленчук и да избегнуваат масна храна.

Доколку сепак имаат потреба да излезат од дома, да носат светла облека.Хронично болните пациенти редовно да ја примаат својата терапија и за било каква промена на здравствената состојба да се консултираат со лекар. ад/

 
Фото: МИА

Остани поврзан