Зголемен бројот на заболени лица од грип и респираторни инфекции во Куманово
- Последнава денови зголемен е бројот на заболени од грип и респираторни заболувања во Куманово, информираа денеска епидемиолозите. Пикот сè уште не е достигнат и се очекува во февруари да се зголеми бројката на заболени. Вкупно има пријавено 173 заболени лица. Најмногу заболени се лицата се на возраст помеѓу 15 и 64 години.
Куманово, 21 јануари 2025 (МИА) - Последнава денови зголемен е бројот на заболени од грип и респираторни заболувања во Куманово, информираа денеска епидемиолозите. Пикот сè уште не е достигнат и се очекува во февруари да се зголеми бројката на заболени. Вкупно има пријавено 173 заболени лица. Најмногу заболени се лицата се на возраст помеѓу 15 и 64 години.
- Со започнување на второто полугодие очекуваме да расте бројот на заболени. Во нашата микробиолошка лабораторија потврдени се 74 случаи на инфлуенца А, четири случаи инфлуенца а Б, од 18 случаи на РСВ вирус и осум случаи на хуманметапнеумавирус, сите оние што ги очекувавме вируси на инфлуенца како и на оние други слични на грипот, изјави епидемиологот, Јадранка Стаменковска.
Лани имало 1.068 заболени од грип.
Покрај грипот, регистрирани се и други респираторни инфекции.
- Од алерт-системот за разлика од минатата недела кога имаше 544 пријавени, сега има 2.400 лица пријавени со акутни респираторни инфекции, изјави д-р Стаменковска.
Превенцијата опфаќа сет мерки меѓу кои исхрана базирана на овошје и зеленчук, одржување на хигиена, бидејќи вирусите се пренесуваат преку кашлање, кивање, директен контакт со контаминирани површини.
- Покрај проветрување на просториите важно е да се намали и дистанцата, мирување во домашни услови особено треба да се обрне внимание на правилно, редовно миење на рацете. Инкубацијата е од еден до седум дена, најчесто, заболувањето тре е од три до осум дена. Најчестите компликации се воспаленија на белите дробови, кај децата под тригодишна возраст е воспаление на увото понекогаш може да се случат и други компликации кои особено ги таргетираат хронично-болните и најасериозна е вирусна пневмонија која остава тешки последици, изјави Стаменковска.
На подрачје на Центарот дадени се 4.196 вакцини, најмногу досега. Од Центарот велат дека сè уште имаа вакцини, но напомнуваат дека по примањето, лицата треба да ги сведат контактите на минимум, две до три недели за да се создаде имунитет. ам/дма/
Фото: МИА