• вторник, 31 март 2026

Зголемена реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун

Зголемена реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун

Скопје, 30 март 2026 (МИА) - Реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во февруари годинава е зголемена за 11,1 отсто во однос на истиот месец лани.

Како што соопшти Државниот завод за статстика, во трговијата на мало во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 16,7 отсто, а реално за 11,1 проценти.

Трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално опаѓа за 3,4 отсто, а реално е зголемена за 3 проценти.

Трговијата на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 7,1 отсто, реално за 8,1 проценти, а Трговијата на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 8,5 отсто, а номинално за 0,3 проценти. мч/са/

фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан