Зголемена и неконтролирана потрошувачката на вода во Скопје, жителите рационално да ја користат
- ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека вчера повторно констатирале енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата, која на дневно ниво изнесува околу 350.000 кубни метри. Градскиот водоводен систем поради тоа функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот.
Скопје, 24 јули 2025 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека вчера повторно констатирале енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата, која на дневно ниво изнесува околу 350.000 кубни метри. Градскиот водоводен систем поради тоа функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот.
- Имајќи го предвид фактот дека Град Скопје се снабдува со вода за пиење од природен извор со ограничена количина од непроценлива вредност, апелираме до сите граѓани на Град Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени и сл, се вели во соопштението.
Од претпријатието апелираат до општините, согласно надлежностите, преку службите со кои располагаат, како и преку месните заедници на територија на општините, да се ангажираат во подигање на свеста кај жителите за рационално користење на водата за пиење.
- Апелираме до граѓаните на Град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk или www.vodovod-skopje.com.mk Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во Град Скопје, се наедува во сопштението. мд/вј/
Фото: МИА архива