• среда, 27 ноември 2024

Зверев прв носител на турнирот во Сеул

Зверев прв носител на турнирот во Сеул
Сеул, 31 август 2022 (МИА) - Германскиот тенисер Александер Зверев, кој сè уште се рехабилитира од повредата на глуждот во полуфиналето на Ролан Гарос, ќе се врати на АТП Тур на турнирот во Сеул. Зверев денеска беше назначен за прв носител на турнирот во јужнокорејскиот главен град што е на програмата од 24 септември до 2 октомври. Организаторите на турнирот објавија дека, покрај Зверев, ќе настапат уште двајца тенисери кои се меѓу ТОП 10 на АТП листата – Каспер Руд од Норвешка и Камерон Нори од Велика Британија. Сеул првпат од 1996 година ќе биде домаќин на АТП турнир. Станува збор за еден од шесте турнири кои требаше да се одржат во Кина, а се откажани поради коронавирусот. ег/ми/

Остани поврзан