Зверев за Синер: Ако не е виновен, тогаш не треба да биде суспендиран, но ако е виновен, тогаш се е чудно
- Германскиот тенисер Александар Зверев како чудна ја оквалификува дисквалификацијата на Италијанецот Јаник Синер поради кршење на антидопинг правилата.

Берлин, 18 февруари 2025 (МИА) - Германскиот тенисер Александар Зверев како чудна ја оквалификува дисквалификацијата на Италијанецот Јаник Синер поради кршење на антидопинг правилата.
На 15 февруари се дозна дека 23-годишниот Италијанец е дисквалификуван на три месеци поради кршење на антидопинг правилата. Неговата суспензија од тениските терени е до 4 мај 2025 година.
- Тоа е чудна ситуација бидејќи тоа беше многу долг процес: прво беше ослободен, а потоа, очигледно, ВАДА сакаше да го преиспита неговиот случај. Мислам дека има две опции. Или не си виновен за ништо, тогаш воопшто не треба да те суспендираат. Не треба да бидете казнети. Но, ако сте виновни, тримесечната суспензија за земање стероиди е чудна. Значи, според мене, треба да одлучиме дали е негова вина или не. Целиот процес, целата ситуација што се случи во текот на една година, беше многу чудна, изјави Зверев за „Clay“.
Во август 2024 година, се дозна дека Синер двапати бил позитивен на анаболичен стероид клостебол минатата пролет. Дваесет и тригодишниот тенисер беше ослободен од обвинението за кршење на антидопинг правилата. Тој докажа дека супстанцата му влегла во телото преку масажата што физиотерапевтот му ја дал без ракавици. зс/
Фото: ЕПА