• понеделник, 23 декември 2024

„Збор, два за музиката“ со финскиот композитор Калеви Ахо

„Збор, два за музиката“ со финскиот композитор Калеви Ахо

Скопје, 17 март 2022 (МИА) - Во Камерната сала на Филхармонија денеска ќе се одржи вториот од циклусот разговори насловени „Збор, два за музиката“ на кој ќе говори финскиот композитор Калеви Ахо.

Модератори на разговорот ќе бидат Симона Гајдоска, продуцент и композитор и Ангел Спироски, композитор и диригент.

Композиторот Ахо во своето творештво има дела напишани во различни стилови – од неокласицизам, до модернизам и постмодернизам.

Поради неговата „иронична“ употреба и мешањето на различни стилови и жанрови во музиката што ја пишува, тој е споредуван со Густав Малер и Алфред Шнитке.свс/са/

 

Остани поврзан