• сабота, 23 ноември 2024

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори

Скопје, 24 февруари 2024 (МИА) - За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори кои произведуваат електрична енергија што е доволна за просечна потрошувачка на скоро 185 илјади домаќинства, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Во јануари, како што информира РКЕ, издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталирана можност од 27,06 MW.

Според претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, овие бројки потврдуваат дека приватната иницијатива и капиталот што се инвестира во овој сектор се покажува како високо ефикасен и затоа реализацијата е брза.

- Ние за дваесет и пет месеци го имаме практично новиот еколошки РЕК Битола кога е во прашање инсталирана моќност, само сега тоа не е струја од јаглен, туку е струја доминантно од Сонце, но има и од ветер, вода и биомаса, вели Бислимоски.

Минатата година издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 MW што претставува раст од над 160 проценти на инсталираниот капацитет во споредба со 2022 година, кога се издадени 152,2 MW. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан