• среда, 25 декември 2024

За четири години Косово го напуштиле 156.000 жители

За четири години Косово го напуштиле 156.000 жители

Приштина, 9 јануари 2024 (МИА) – Косовското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека за четири години, од 2018 до 2022 година, повеќе од 150.000 луѓе го напуштиле Косово.

„За периодот од 2018 до 2022 година, се проценува дека Косово го напуштиле 156.080 жители или речиси 8,85 отсто од населението на земјата“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесе Бета.

Во периодот од 2020 до 2022 година, на Косово емигрирале 26.329 жители, додека од Косово се иселиле повеќе од 93.000 жители.

Се проценува дека на 1 април 2011 година во странство живееле 703.978 државјани на Косово, додека до крајот на 2022 година тој број пораснал на 949.719 или 53,89, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи на Косово.

Според резултатите од последниот попис на населението од 2011 година, Косово има 1.739.825 жители, од кои 1.616.869 или 92,9 отсто се Албанци.

На Косово му се заканува уште поголема миграција по укинувањето на визите за Европската Унија, од 1 јануари годинава. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан