• сабота, 23 ноември 2024

Промоција на книгата „Заробена во сопственото тело“ од Марга Велеска

Промоција на книгата „Заробена во сопственото тело“ од Марга Велеска

Скопје, 27 мај 2023 (МИА) - Автобиографскиот роман „Заробена во сопственото тело“ од писателката Марга Велеска беше промовиран вчера во Скопје.

Според авторката, приказната раскажува за една „необична девојка“ со попреченост, за некој кој „ќе го избрка (или не) сето црнило со еден замав“, и за поигрувањето со чувствата на најчувствителните.

-Ова е одличен, невообичаен, автобиографски роман којшто никого нема да го остави рамнодушен, а најмногу лицата со посебни потреби, изјави Велеска.

Ова е втора нејзина книга, но прво прозно дело. Нејзината порака до лицата со попреченост, но и луѓето воопшто, е да не молчиме и да не бегаме од тоа што нѐ тишти. Пишувајќи за својот живот, вели, им укажуваме и на другите дека не се сами.

- Инспирацијта ми се лицата со посебни потреби. Кога судбината ќе Ви го сврти грбот, Вие погледнете ја во очи! Тешко е да се пишува за раните на својата душа и сѐ тоа да се стави „на парче хартија“, но така им помагаме и на другите, заклучи Велеска.

Издавањето и објавувањето на книгата е поддржано од младите волонтери на Црвен крст Карпош, преку својот Проект за хумани вредности. 

Делото е издадено од Издавачката куќа „Збор“ од Велес. си/ев/

Фото: Испратено од Марга Велеска.

Остани поврзан