• четврток, 26 декември 2024

За реконструкција на Римскиот театар во Стоби се потребни 60 милиони денари

За реконструкција на Римскиот театар во Стоби се потребни 60 милиони денари
Велес, 21 февруари 2022 (МИА) - Министерството за култура и издвои на Националната установа Стоби средства од годинашната програма за 2022, за конзервација, реставрација и реконструкција и археолошки доистражувања на објект во Римскиот театар во Стоби износ на средства 1,6 милиони денари, но не и околу 60 милиони денари за враќање на мермерните седишта и реконструкција на просторот под нив, со што ќе се гарантира безбедноста на гледачите, информира за МИА, Спасе Перовски директор на НУ Стоби. Во Театарот во Стоби, Перовски, потенцира дека  континуирано се работи секоја година, во правец на истражување и конзервација. Тој потсетува дека НУ Стоби години наназад има готов проект за враќање на мермерните седишта кои недостасуваат и истиот чини околу шеесет милиони денари, а што според оценката  на експертите, ќе ја гарантира и безбедноста на гладачите во театарот, затоа што со проектот ќе  се изврши и целосна санација на просторот  под гледалиштето. -Со завршувањето на овој голем проект, Римскиот  театар ќе може да се стави во функција и да се одржуваат секаков вид на манифестации, пред се театарски претстави, како и да продолжи одржување на Фестивалот на античка драма „Стоби“ кој лани се одржуваше во Стоби, но на други локации, а не во театарот поради небезбедно гледалиште, вели Перовски. Тоа е нашата крајна цел во врска со театарот во Стоби, за што Владата треба да ја издвои оваа голема сума за овој капитален проект за реставрација на  Римскиот  театарот во Стоби, потенцира Перовски, додавајќи дека и годинава во Римскиот театар тековно ќе се работи, но вкупната сума за реализација на овој голем проект се уште не е обезбедена. -Секако повикувајќи се на минатогодишните случувања во Стоби можат да се одржуваат различни видови на настани на други локации во археолошкиот локалитет Стоби, исклучувајќи го Римскиот  театарот, појаснува Перовски. ад/аа/

Остани поврзан