• понеделник, 09 декември 2024

За Милитао заврши сезоната, дефанзивецот на Реал има скинат вкрстен лигамент

За Милитао заврши сезоната, дефанзивецот на Реал има скинат вкрстен лигамент

Мадрид, 9 ноември 2024 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Едер Милитао ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната.

Реал вечерва објави дека дефанзивецот, кој се повреди на натпреварот со Осасуна, има скинати предните вкрстени лигаменти со оштетување на менискус на десното колено.

На Бразилецот во наредните денови ќе му биде извршена операција.

Се очекува Милитао да пропушти најмалку девет месеци. Тој поради иста повреда пропушти 232 дена откако беше повреден во август 2023 година.

Вкупно, во последните две сезони, дефанзивецот има само 22 натпревара во шпанската ла Лига. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан