• вторник, 24 декември 2024

За Манчевски вработувањата се потреба, за Стаменковска Стојкоски легален поткуп и врбување за изборите

За Манчевски вработувањата се потреба, за Стаменковска Стојкоски легален поткуп и врбување за изборите
Скопје, 27 јануари 2020 (МИА) - Годишен план и потреби на институциите, вака министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски ги образложи тековните вработувања во јавниот сектор. Во вечерашната „Тренд анализа“ на Телевизија 24 тој дебатира со неговата дополнителна заменичка Невенка Стаменковска Стојкоски која констатира дека вработувањата во овој период се со единствена намера - легален поткуп и врбување за изборите. -Ова е појава секоја година. Така функционира Буџетот, а системски притисок врз вработените во админситрацијата нема, истакна Манчевски. Според Стаменковска Стојкоски, не само што „фрчат“ огласи, туку и се вработуваат лица на несоодветни позиции согласно нивното (не)образование. -Може да има причини за вработување едно, три или пет лица, но 25 во УЈП одеднаш, 35 во Царинската управа и преку 50 во Град Скопје не се потреба, туку легален начин за поткуп на изборите. Дополнително, има случаи каде шофер работи како инспектор, а директор на градинка е лице со средно школо, укажа Стаменковска Стојкоски. Сепак, двајцата се согласија дека до 12 февруари вработувањата се законски и огласи може да се распишуваат. мч/аа/

Остани поврзан