• петок, 27 декември 2024

За една недела санкционирани 230 непрописно паркирани возила во Општина Центар

За една недела санкционирани 230 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Скопје, 18 март 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на изминатата недела санкционирале 230 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 11 до 17 март, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ биле отстранети  118 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани биле  112 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во соопштението од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Воедно потенцираат дека ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.

Тие потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците. ад/дма/

 

Фото:  ЈП Паркинзи на Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан