• сабота, 23 ноември 2024

За една година странските инвеститори од Русија повлекле околу 36 милијарди долари

За една година странските инвеститори од Русија повлекле околу 36 милијарди долари

Москва, 29 мај 2023 (МИА) – Странски инвеститори преку продажба на имот од Русија повлекле околу 36 милијарди долари во периодот од март 2022 до март оваа година, соопшти руската Централна банка.

Од март 2022 година до март 2023 година биле извршени околу 200 продажни трансакции, а само во една петтина од нив бил продаден имот во вредност од над 100 милиони долари, истакна Централната банка.

Голем број големи западни компании ги напуштија или го намалија работењето во Русија откако Западот одговори на руската инвазија врз Украина со големи санкции против Москва.

Претходно, руската Централна банка во извештајот за стабилноста на финансискиот систем соопшти дека само мал дел од странските компании всушност го продале својот бизнис во Русија и дека многумина го задржале правото на враќање. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан