• сабота, 23 ноември 2024

За Денот на Општина Тетово вчера се одржа планинарска тура, денеска е свечената седница

За Денот на Општина Тетово вчера се одржа планинарска тура, денеска е свечената седница

Тетово, 4 март 2024 (МИА) - Планинарска тура вчера се одржа како е една од активностите за одбележување на Денот на Општина Тетово 3 март. Општина Тетово заедно со пет планинарски клубови организираше планинарски движење на потегот од Тетово преку Лавце и Ѓермо до месноста Бела вода на 1460 метри надморска височина на Шар Планина.

- Оваа активност на отворено се прави со единствена цел да се пренесе пораката дека мораме да ја чуваме природата и да се грижиме за неа. Ги користиме убавините на Шара и го промовираме максимално. Во наредните денови ќе треба да посетиме туристички места, планини, планински врвови и други, а покрај ова заедно со здруженија ќе биде организиран маршот за чистење на природата, ја пренесе Општина Тетово изјавата на градоначалникот Биљал Касами.

По повод Денот на општината, денеска на пладне ќе се одржи 29-тата свечена седница на Советот на Општина Тетово. Експозе ќе има градоначалникот Касами, по што ќе се доделат наградите и признанијата на заслужни граѓани и колективи. ас/сст/

фото Општина Тетово
 

 
 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан