За два месеца Москва ќе започне масовна вакцинација против Ковид-19
- Во главниот и најголем град на Русија, каде што е регистрирана најголема стапка на ширење на Ковид-19 во земјата, за два месеца ќе започне масовна вакцинација против болеста, изјави градонача
Москва, 19 октомври 2020 (МИА) - Во главниот и најголем град на Русија, каде што е регистрирана најголема стапка на ширење на Ковид-19 во земјата, за два месеца ќе започне масовна вакцинација против болеста, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
- Ќе почнеме со масовна вакцинација на населението во декември-јануари, истакна градоначалникот. Тој нагласи дека речиси 10.000 луѓе се хоспитализирани во Москва со Ковид-19, од кои илјада се приклучени на респиратори. „Тоа е многу голем број, рече Собјанин.
Сепак, градоначалникот истакна дека ќе биде „неприфатливо и невозможно“ градот да се врати на пролетните карантински мерки кои ја уништија неговата економија. Оптимална стратегија е да се најде средно решение меѓу „затворањето и целосното напуштање на рестриктивните мерки", додаде Собјанин. Тој потврди дека во текот на последната недела имало знаци дека ширењето на инфекцијата е ставено под контрола, додавајќи дека 40 отсто помалку луѓе користат јавен превоз.
Русија е на четвртото место во светот според бројот на заразени со коронавирус со вкупно 1,4 милиони инфицирани. Таа е прва земја која разви и одобри вакцина против Ковид-19. гт/