• среда, 25 декември 2024

За да се заштеди, Австрија препорачува туширање, а не капење

За да се заштеди, Австрија препорачува туширање, а не капење
Виена, 13 јули 2022 (МИА) - Граѓаните да се тушираат, а не да се капат. Тоа е една од препораките на австриското Министерство за енергетика со цел граѓаните да заштедат енергија. „Руската агресија на Украина нè носи пред нови предизвици. Поболно од кога и да е, ја чувствуваме долгогодишната зависност од рускиот гас и тоа не само по паричниците. За тоа да се промени, потребно е, од една страна да ги прошириме изворите на обновлива енергија, а истовремено и секој да го даде својот придонес во штедење на енергија. Само мали промени во секојдневието може да донесат големи разлики и да се помогне во штедењето“, посочи Министерството. Во објавата на социјалните мрежи, на граѓаните им се препорачува да се тушираат, наместо да се капат. „За полна када потребно е 80 до 150 литри топла вода, а со туширање се троши само 20 до 50 литри. Со тоа, туширањето штеди многу енергија“, наведува Министерството. Се препорачува електронските уреди да се исклучуваат односно да не бидат на стендбај. бд/зш/

Остани поврзан