• вторник, 24 декември 2024

За граѓани на 10 држави ќе може од утре влез во Бугарија со негативен ПЦР тест, меѓу нив и од Северна Македонија

За граѓани на 10 држави ќе може од утре влез во Бугарија со негативен ПЦР тест, меѓу нив и од Северна Македонија
Софија, 27 јули 2020 (МИА)  -  Од утре, 28 јули, граѓаните на Северна Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија, Израел и Кувајт можат да влезат во Бугарија за туристички цели со негативен тест ПЦР, направен во последните 72 часа, соопшти Министерство за здравство на Бугарија. За граѓаните на Украина условот да достават негативен тест за ПЦР важи од 30 јули. ПЦР тест не е потребен за лица кои пристигнуваат во Бугарија од земји членки на ЕУ, Велика Британија, земји од Шенген, како и од Алжир, Австралија, Канада, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Република Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај. Тие не подлежат и на 14-дневен карантин. зш/

Остани поврзан