• недела, 29 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

За возење под дејство на алкохол на територија на СВР Штип санкционирани 19 возачи

За возење под дејство на алкохол на територија на СВР Штип санкционирани 19 возачи

Скопје, 18 јуни 2023 (МИА) - Во текот на изминатата вечер (17/18.06.2023) во периодот од 23:00 до 05:00 часот на територија на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата, како што соопшти денеска МВР, биле санкционирани 19 возачи.

Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила. дма/

 

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан