• среда, 25 декември 2024

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

Охрид, 15 април 2023 (МИА) По повод големиот христијански празник на Христовото воскресение „Велигден“ Јавното претпријатие „Билјанини извори“ донесе одлука на 16 април  бесплатно да биде паркирањето возила на јавниот градски простор во Охрид.

Од Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“ пак известуваат дека за 18 април - Светскиот ден на културното наследство, бесплатни да се посетите на кутурно-историските знаменитости во градот.

Според одлуката, во вторник бесплатен ќе биде влезот во „Куќата на Робевци, Самоилова тврдина, Галеријата на икони и Музејот на вода – Градиште“. аб/цр

Фото: МИА

Остани поврзан