• среда, 27 ноември 2024

Зачини и хранливи додатоци за подобро здравје

Зачини и хранливи додатоци за подобро здравје

Лос Анџелес, 15 јули 2022 (МИА) - Истражувачите од проектот „Здрава исхрана“ (Healthy Nutrition) посочуваат пет зачини за подобрување на здравјето и зачувување на младоста и совети како правилно да се користат.

Куркумата помага во борбата со воспалителните процеси во телото, ја подобрува функцијата на мозокот и ја намалува опасноста од рак, благодарение на куркуминот. Таа е нерастворлива во вода и има мала стапка на апсорпција. Познавачите советуваат да се додаде и црн пипер во јадењата, покрај куркумата, оти тој ја зголемува апсорпцијата на куркуминот. Циметот има смирувачки ефект. Цејлонскиот цимет, на пр., содржи и супстанции коишто се природни антисептици. За ѓумбирот се вели дека може да смири треска, да ублажи настинка, помага при надуеност и гадење и го подобрува варењето на храната. Сепак, ѓумбирот може да има штетно влијание за луѓе со гастроинтестинални и бубрежни проблеми. Здравиот човек може да зема четири грама ѓумбир на ден. Лукот е природен антибиотик. Супстанцијата алицин, којашто е одговорна за неговата терапевтска функција, се распаѓа при повисока топлина. За да се извлече максимумот од лукот, треба да се јаде свеж. Една глава дневно ги спречува симптомите на настинка и го забрзува закрепнувањето по болеста. И лутите пиперки го продолжуваат животот. Ова го докажува труд спроведен од „Чајна биобенк“. Уникатната супстанција капсаицин во пиперките го подобрува метаболизмот и го намалува нивото на холестерол во крвта. Стручњаците од проектот, сепак, препорачуваат и консултација со лекар пред редовно консумирање на овие зачини.  си/

Остани поврзан