• сабота, 16 ноември 2024

Захарова: Русија ќе ги следи акциите на Естонија

Захарова: Русија ќе ги следи акциите на Естонија

Москва, 12 декември 2023 (МИА) – Русија ќе ги следи дејствијата на Естонија, чии власти најавија намера да го откажат билатералниот договор со Руската Федерација за правна помош, и ќе разработи мерки за одговор на ситуацијата, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

- Ќе продолжиме внимателно да ја следиме оваа ситуација, имајќи го предвид развојот на сетот мерки против непријателските држави, вклучително и Естонија, рече Захарова на брифинг, истакнувајќи дека пристапот на руската страна ќе зависи од тоа како Естонија ќе ги спроведе своите намери во пракса.

Захарова истакна дека е малку веројатно дека откажувањето на договорот од страна на Естонија сериозно ќе влијае на „веќе замрзнатата интеракција меѓу овластените оддели“.

Сепак, како што оцени таа, таквиот чекор дефинитивно ќе го „закомплицира животот на Русите кои живеат во Естонија“.

Претходно естонскиот министер за правда Кале Ланет изјави дека владата на земјата одлучила да го раскине договорот со Русија за правна помош.

Оваа одлука ќе треба да ја одобри парламентот, истакна Ланет.

Договорот за правна помош меѓу Естонија и Русија, кој е во сила од 1995 година, предвидува поедноставена процедура за голем број правни прашања.

Покрај признавањето на судските одлуки, договорот за правна помош предвидува барања за доставување документи и соработка во кривичните предмети. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан