• среда, 27 ноември 2024

Захарова коментира „специјална операција“ против Русија и Кина поради Олимпијадата

Захарова коментира „специјална операција“ против Русија и Кина поради Олимпијадата
Москва, 22 јануари 2022 (МИА) – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги опиша како „специјална информативна операција“ медиумските написи дека кинескиот лидер Си Џинпинг побарал од Путин да не ја напаѓа Украина за време на Олимпијадата. – Денеска беше објавена сензационална вест: наводно кинескиот лидер побарал од рускиот лидер да не ја напаѓа Украина за време на Олимписките игри, за да не го расипе празникот. Ова веќе не е лажна вест, ова е информативна специјална операција на релевантните американски служби преку агенцијата (Блумберг), напиша Захарова во својот канал Телеграм, цитирана во руските медиуми. јт/

Остани поврзан