Захариевски нов тренер на Воска
- Захариевски ќе дебитира на клупата на Воска в недела на дуелот на домашен терен против Силекс во рамки на 20. коло во ПМФЛ.

Охрид, 21 февруари 2024 (МИА) – Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Воска го назначи денеска Срѓан Захариевски за нов тренер.
Како што вечерва објави охридскиот прволигаш, на 50-годишниот Захариевски ќе му асистира Сеит Крека, кој досега го предводеше младинскиот тим на Воска.
Воска е четвртиот клуб во тренерската кариера на поранешниот македонски репрезентативец Захариевски, кој досега ги предводеше Струга, Пелистер и Металург.
Захариевски ќе дебитира на клупата на Воска в недела на дуелот на домашен терен против Силекс во рамки на 20. коло во ПМФЛ.
Воска е десеттопласирана на табелата со 20 бодови, два повеќе од Вардар на последното и Македонија Ѓорче Петров на претпоследното место. ег ФОТО: Фејсбук