Затвор во Велс претворен во раскошна вила од 2,55 милиони евра
- Цената на имотот е 2,15 милиони фунти, а тој е опкружен со многу зеленило и шуми од едната и - морето од другата страна. Имотот е посебен и по својата историја, стара со векови... Меѓу другот

Кардиф, 16 март 2022 (МИА) - На пазарот за недвижности во Велс се појави поранешен затвор претворен во несекојдневна вила. Наречена „Coes Faen Hall“, т.е. меѓу мештаните позната како „Куќа на часовникот“, таа се наоѓа во Гвинед - на границата со Националниот парк Сноудонија.
Цената на имотот е 2,15 милиони фунти (2,55 милиони евра), а тој е опкружен со многу зеленило и шуми од едната и - морето од другата страна. Имотот е посебен и по својата историја, стара со векови... Меѓу другото, познато е и тоа дека порано бил судница и затвор.
Занданите и ќелиите се претворени во соби, а просторијата со стаклен прозорец што денес се користи за гледање филмови, порано се користела за следење на тунелите во кои затворениците се движеле. Денешната дневна соба порано била судницата, а вилата има и шест спални, четири дневни соби, четири бањи и вежбалница.
Кујната на отворено води до верандата, која се протега околу зградата и нуди панорамски поглед на планините и морето. Вилата е силно осветлена благодарение на големите прозорци, а оригиналниот градежен камен е одлично комбиниран со современите модерни детали.
Ова место овозможува бројни активности - риболов, едрење, кајакарство, до сурфање на ветер и гледањето делфини и фоки. си/ссм/


