• среда, 27 ноември 2024

Засилени мерки за заштита од коронавирусот на аеродромите во Скопје и Охрид

Засилени мерки за заштита од коронавирусот на аеродромите во Скопје и Охрид
Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Патниците од Милано и од Венеција кои пристигнуваат на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе пополнуваат прашалник за коронавирус, што е уште еден чекор за подигање на контролата на повисоко ниво бидејќи има сè повеќе заболени во Европа. Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека бројот на заразени во европскиот регион е 3.365 пациенти и дека нови земји во кои е проширен вирусот се Андора, Летонија и Португалија. – Согласно тоа што има сè повеќе заболени во Европа и согласно поригорозните мерки што италијанските власти ги најавија за северниот регион, се одлучивме за уште еден чекор за подигање на контролата на повисоко ниво што значи на патниците со авионите од „Визер“ од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен локатор – карта на што се согласи авиопревозникот, што ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците, рече Филипче. Патниците во прашалниците ќе треба да остават податоци на која адреса престојуваат, за доколку после одреден  број денови се јави некој патник со симптоми да може лесно да се најдат сопатниците. Вчера попладне, од Министерството за здравство информираа дека уште едно лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е тестирано на корона вирус и дека резултатот е негативен. Единствената пациентка која што е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести е добра и нејзината здравствена состојба се повеќе се подобрува. Министерот упати апел до граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирусот и доколку не е неопходно да не се патува во ризичните региони, а сите кои се враќаат во земјава да бидат совесни и да се придружуваат до препораките за заштита. аа/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан