• среда, 25 декември 2024

Засадени 3.200 садници во Сарачево

Засадени 3.200 садници во Сарачево
Скопје, 27 март 2022 (МИА) - Нови 3.200 садници, јасен и багрем, се засадени во денешната акција за пошумување на дел од падините на Скопска Црна Гора во месноста наречена Сарачево, во непосредна близина на  населено место Раштак.  Во акцијата се вклучија градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, претседателот на Советот Дијана Илиевска, пратеникот во Собранието Зоран Коцевски, членови на Советот на општина Гази Баба, в.д. директорот на ЈКП „Гази Баба 2007“ Добри Петров, здруженија на граѓани и голем број на жители од општина Гази Баба.
-Секое засадено дрво значи еден нов прочистувач на воздухот. Заштитата на животната средина останува на врвот на моите приоритети, а за тоа говори и фактот што во првите пет месеци од мојот мандат, заклучно со денешната акција се засадени над 4.000 нови садници на територија на општина Гази Баба.
Тука нема да запреме, општина Гази Баба ќе биде најзелената општина во Градот Скопје, изјави градоначалникот Стефковски.
Орагнизатори на акцијата се Општина Гази Баба во соработка со  Здружението на граѓани „Treebanks“, ЈП „Национални шуми“, Шумарски факултет и Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“.
Како што информира Општина Гази Баба, оваа иницијална акција е само почеток на поголем проект со крајна цел озеленување и пошумување на цело ерозивно подрачје на територија на Општина Гази Баба. мд/мч/

Остани поврзан