• сабота, 23 ноември 2024

Засадени 2000 садници во населено место Ајватовци во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“

Засадени 2000 садници во населено место Ајватовци во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“
Скопје, 25 ноември 2022 (МИА) - Грижата за екологијата и здравата животна средина е врвен приоритет во работата на Општина Илинден и за таа цел, денеска се спроведе акција за пошумување во населено место Ајватовци. Во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“, засадени се 2000 садници со даб, чемпрес и багрем на простор од повеќе хектари во соработка со „Трибанкс“, непрофитна организација во секторот за зачувување на животната средина, соопштуваат од локалната самоуправа на Илинден. Оттаму потенцираат дека збогатувањето и обновата на шумскиот фонд е обврска на секој од нас во насока кон подобрување животната средина. - Во акцијата на пошумување учествуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека пошумувањето е природно добро од општ интерес, обврска на секој од нас активно да работи во подобрување на еколошката свест, со тоа ќе придонесеме да имаме чист воздух и здрава животна средина, известуваат од Општината. Во акцијата на пошумувањето учествуваа и учениците од Средното општинско стручно училиште „Илинден“, здруженија на граѓани и поединци. - Општина Илинден и во иднина интензивно ќе работи на пошумување, в недела ја продолжуваме нашата акција „Зелена Општина Илинден“ во населено Миладиновци, ќе бидат засадени околу 27.000 садници на простор од 10 хектари, велат од Општината. ир/сп/

Остани поврзан