• понеделник, 23 декември 2024

Зариф: Терористички напад во Ница, да го прекинеме маѓепсаниот круг

Зариф: Терористички напад во Ница, да го прекинеме маѓепсаниот круг
Техеран, 29 октомври 2020 (МИА) – Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф остро го осуди нападот со нож во францускиот град Ница, нарекувајќи го „терористички напад“. - Силно го осудуваме денешниот терористички напад во Ница. Оваа ескалација на маѓепсаниот круг на говор на омраза, провокација и насилство мора да биде заменета со здрав разум, напиша Зариф на Твитер. Шефот на иранската дипломатија се осврна и на силната поддршка на францускиот претседател Емануел Макрон за секуларните закони, со кои се штитат карикатурите на пророкот Мухамед како форма на слобода на изразување. - Треба да признаеме дека радикализмот создава само повеќе радикализам и дека мирот не може да се постигне преку грди провокации, наведе Зариф. јт/

Остани поврзан