Запрашување против комарци утре во Вевчани
- Центарот за јавно здравје – Охрид утре ќе спроведе дезинсекција на територијата на Општина Вевчани.

Вевчани, 14 јули 2021 (МИА) – Центарот за јавно здравје – Охрид утре ќе спроведе дезинсекција на територијата на Општина Вевчани.
Уништувањето на комарците ќе се врши со апарат за УЛВ ладно запрашување во периодот од 19 до 4 часот.
Општина Вевчани апелира до пчеларите да ги заштитат пчелните семејства. сс/фф/