• петок, 05 декември 2025

Започна уредувањето за асфалтирање на улицата „Мара Угринова“ во Гостивар

Започна уредувањето за асфалтирање на улицата „Мара Угринова“ во Гостивар

Гостивар, 17 септември 2025 (МИА) – Започнаа работите на крак од улицата „Мара Угринова“ во близина на автобуската станица во Гостивар. Од локалната самоуправа информираа дека уредувањето започна со поправка на тротоарите на двете ленти на улицата како дел од подготвителната фаза пред целосното асфалтирање.

Градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, во последната објава на социјалните мрежи објави дека градежната оператива веќе работи, а даден приоритет на безбедното движење на пешаците.

- Пред да започнеме со целосно асфалтирање на улицата, започнавме со поправка на тротоарите, за да обезбедиме побезбеден и полесен пристап за граѓаните во овој дел на градот, напиша Лимани.

Овој проект е дел од планот на општинската власт за модернизација на патната инфраструктура во неколку населби во градот. Претходно беше најавено дека оваа година на убраниот блок околу железничката пруга и автобуската станица ќе се реализираат зафати за создавање подобри услови за одвивање на сообраќајот и подобрување на квалитетот на урбаниот живот. згм/дма/

Фото: Општина Гостивар

Остани поврзан