• вторник, 17 декември 2024

Започна првиот национален турнир во мал фудбал во Крива Паланка

Започна првиот национален турнир во мал фудбал во Крива Паланка

Крива Паланка, 26 април 2022 (МИА) – Во спортската сала"Бранители 2001″ во Крива Паланка официјално е отворен „Првиот национален турнир во мал фудбал“ во организација на Општина Крива Палнка потпомогнат од Play2Include проектот поддржан од AFD, GIZ и FIFA и Агенцијата за спорт и млади.

Пријавени се 12 екипи од Скопје, Кратово, Ранковце и Крива Паланка и ќе разигруваат по групи, до финалето закажано за 4 мај 2022.

Турнирот отпочна со ревијален натпревар на подмладокот од ФК „Академија Осогово“ под водство на тренерот Бранко Павловски, а официјално го отвори проф.д-р Јордан Михајловски, поранешен фудбалер и претседател на ФК „Осогово“, како и автор на монографијата за спортот и доајени на спортот во општината.

-Овој турнир е одлична иницијатива на градоначалникот Митовски и општинските служби за враќање на фудбалскиот сјај на градот, а се востанови во важен период кога се одбележуваат 110 години од формирањето на првото соколанско-спортско друштво во Крива Паланка и 95 години од изградба на првиот спортски објект-денес зградата на сала „Партизан“, рече Михајловски.

Турнирот претставува еднонеделна спортска фудбалска ревија, празник на спортот што ги поврзува и Велигденските и првомајските празници, со акцент на значењето на физичката активност, бенефитите врз здравјето на луѓето, спортскиот терен како ферплеј средина и одржување на децениската фудбалска традиција.

-По подолга пауза денеска духот на малиот фудбал во Крива Паланка е како во најдобрите времиња. Прекрасно е чувството да се види спортската сала „Бранители 2001“ исполнета и со публика желба за нови спортски достигнувања. Благодарност до сите екипи за пројавениот интерес за учество на турнирот и секако за несебичната поддршката од навивачите и верната публика уште на првиот ден, изјави градоначалникот Сашко Митовски.

„Play2Include“ проектот става акцент на поткревање на свеста за социјална кохезија и промоција на ментална добросостојба преку фудбал и физичка активност.

Турнирот продолжува во четврток, 28 април, по утрешната пауза за одигрување на важниот кошаркарски меч на ЖКК Крива Паланка-ЖКК Струга 2009, мајсторка за плејоф завршницата во четирите најдобри од Првата женска кошаркарска лига.иб/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан