• вторник, 24 декември 2024

Започна постапката за справување со отпадна електрична и електронска опрема во Македонска Каменица

Започна постапката за справување со отпадна електрична и електронска опрема во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 3 март 2023 (МИА) - Во Македонска Каменица почна постапката за справување со отпадна електрична и електронска опрема како и начинот на постапување со отпадни батерии и акумулатори. 

За таа цел деновиве неколку институции и образовни установи од Македонска Каменица потпишаа Договор за соработка со „Нула отпад“ ДОО Скопје, а во реализација на иницијативата се вклучи и Јавното претпријатие „Камена Река“.
 
-Целта на активноста е воведување на можност отпадот да биде преземен од домовите на граѓаните, преку оставање на податоци до претпријатието. Она што е важно да се напомене е дека набавени се корпи за селектирање на батерии кои ќе пристигнат во периодот кој следи, по што ќе бидат поставени во образовните институции  фрекфентни локации во Македонска Каменица, истакнаа од ЈП „Камена Река".
 
 
Целта, како што додадоа оттаму, е да се воспостави одржлив систем за управување со овој тип на електронски отпад со цел негово намалување. 
 
Во насока на запознавање на најмалите со оваа иницијатива во деветолетката „Св. Кирил и Методиј“,  деновиве се одржаа повеќе едукативни работилници за подигнување на јавната свест за правилна селекција на електронскиот отпад. вс/сст/
 
фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан