• недела, 29 декември 2024

Започна операцијата за тројно зголемување на бројот на граничари на ЕУ на бугарско-турската граница

Започна операцијата за тројно зголемување на бројот на граничари на ЕУ на бугарско-турската граница

Софија, 21 март 2024 - Започната е заедничка операција на Европската служба за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) и Генералниот директорат на Граничната полиција за тројно зголемување на бројот на граничните службеници на Европската унија (ЕУ) на бугарско-турската граница, соопшти прес-центарот на Граничната полиција.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Операцијата е дел од првиот контингент на Фронтекс, заедно со операциите во Романија, Молдавија и Грузија. Неговата специфична оперативна цел е да обезбеди техничка и оперативна помош на националните власти долж воздушните, копнените и поморските граници на Бугарија.

Од „Граничната полиција“ посочуваат дека доаѓањето на новите полицајци е започнато, истакнувајќи дека ротацијата на граничните полицајци од ЕУ во Бугарија се случува на секои четири недели од 2009 година. Постепено, нивниот број на бугарско-турската граница ќе се зголемува тројно во споредба со крајот на минатата година.

Граничните полицајци од „Фронтекс“ се запознаваат со оперативната состојба, се упатуваат и се распоредуваат на нивните конкретни локации. Меѓу нив има експерти за документи, службеници за откривање прекуграничен криминал, водачи на кучиња и гранични службеници на ЕУ кои вршат активности за гранична контрола, кои ќе ги поддржат активностите на бугарската „Гранична полиција“.

Според последните податоци, МВР известува за над 40 отсто намалување на приведените мигранти за првите два месеца од 2024 година во однос на 2023 година.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан