• среда, 27 ноември 2024

Започна Маршот за женски права во Скопје

Започна Маршот за женски права во Скопје

Скопје, 8 март 2023 (МИА) - Со пораките „Не сакаме тава, сакаме права“, „Денеска марш, утре штрајк“ и „Држава што не постапува е држава што убива“, попладнево на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје започна Маршот за женските права што се одржува во пресрет на Меѓународниот ден на жената - 8 март.

Заштита, сигурност, социјална и здравствена правда, како и економска сигурност за жените, се дел од барањата упатени од маршот.

- Да се биде жена во Македонија е да се будиш секое утро во страв и да се прашуваш дали ќе го преживееме тој ден. Во 2023 година жените и девојките во државата ги мачат прашања кои ја прикажуваат реалната слика со родовата нееднаквост во земјата, изјави Ана

Аврамоска-Нушкова проектна координаторка во Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.

Маршот треба да заврши во Паркот Жена Борец, пред Собранието, каде присутните ќе ги повторат своите барања до надлежните институции. свс/сп/

Фото: МИА 

Остани поврзан