• вторник, 24 декември 2024

Започна кривичната постапка против Хантер Бајден

Започна кривичната постапка против Хантер Бајден

Вашингтон, 3 јуни 2024 (МИА) - Кривичниот процес на Хантер Бајден започна денеска пред федералниот суд во државата Делавер. Синот на претседателот, Џо Бајден, се соочува со обвиненија поврзани со нелегално поседување огнено оружје.

Во првото судење во земјата на дете на актуелен претседател, Хантер Бајден (54) се изјасни за невин по трите обвиненија поврзани со купување и поседување на револвер во 2018 година. Ова е еден од двата кривични процеси против него, со одделни обвиненија во Калифорнија поврзани со даночни прекршувања.

Судењето во Вилмингтон, Делавер, со кое претседава окружниот судија Мерилон Нореика, започнува со избор на поротата.

Во четвртокот, Трамп беше осуден од поротата во државниот суд во Њујорк по 34 точки од обвинението за фалсификување документи за да се прикрие купувањето на молкот направено непосредно пред претседателските избори во 2016 година на порно ѕвезда за нивната мината интимна врска. 

Хантер Бајден беше обвинет дека лажел дека не користел нелегални супстанци кога купил револвер и го поседувал 11 дена во октомври 2018. Дополнително е обвинет за даночни кривични дела.

Доколку биде осуден за сите обвиненија во случајот Делавер, Хантер Бајден се соочува со затворска казна до 25 години, иако практиката е да се изрекуваат пократки казни, според американското Министерство за правда. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан