• сабота, 21 декември 2024

Започнаа подготовките за светската премиера на оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“

Започнаа подготовките за светската премиера на оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“
Скопје, 28 февруари 2023 (МИА) - Во Стаклената сала на виенскиот „Музикферајн" започнаа пробите пред светската премиера на оркестарската верзија на проектот МАКЕДОНИСИМО на Симон Трпчески и пријателите.
 
Аранжманот е на Пандев Шахов, а на Големата сцена на Музикферајн на 2 март од 20 часот ќе се појави добро познатиот квинтет во чиј состав покрај Симон Трпчески се и Александар Краповски, Александар Сомов, Хидан Мамудов и Влатко Нушев, како и австрискиот Тонкунстлер оркестар под диригентската палка на маестро Јутака Садо од Јапонија. свс/бак/

Остани поврзан