Започнаа „Владимирските Илинденски средби 2022" во село Владимирово
- Во беровското село Владимирово, вечерва, започнаа 10-тите по ред, ,,Владимирски Илинденски средби". Настанот свечено го отвори градоначалникот Звонко Пекевски, кој честитајќи им го празникот
Берово, 29 јули 2022 (МИА) - Во беровското село Владимирово, вечерва, започнаа 10-тите по ред, ,,Владимирски Илинденски средби". Настанот свечено го отвори градоначалникот Звонко Пекевски, кој честитајќи им го празникот Илинден на присутните, порача дека треба да продолжи да се негува традицијата.
-Владимирските илинденски средби треба да остенат белег за идните генерации и секогаш заедно и сплотено, да го славиме овој голем празник и да ги чествуваме хероите од Малешевијата и од двата Илиндена. На сите учесници и гости им посакувам топол и пријатен престој, успешна реализација на сите планирани активности, пријатно дружење и многу забава, рече Пекевски.
Во рамки на настанот, кој започна со Локалниот етно саем, во наредните пет дена ќе продефилираат голем број македонски естрадни фолк - ѕвезди, а ќе настапат и културно-уметнички друштва од Берово и регионот.
Настанот под мотото „Ладимерци дека и да сте, на Илинден дома да сте" е поддржан од Општина Берово. вс/вг/